вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Се чека Алабакоски да биде изведен пред судија, МВР бара притвор, Спасовски вели доказите се несоборливи

„Доцна синоќа е извршен претрес во домот и во други домови каде што живее сторителот, пронајдени се облеката и други предмети кои го поврзуваат со кривичното дело. Тоа значи дека имаме несоборливи докази, лицето е приведено во полициската станица и во моментов очекуваме да биде изведен пред судија на претходна постапка во Битолскиот основен суд. МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“,изјави пред малку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред новинарите во врска со пронајдениот сторител на опожарувањето на влезот на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола.

На прашањето дали може да потврди дека се работи за пејачот Ламбе Алабакоски, министерот беше воздржан, не потврди но ниту негираше, туку само рече дека би одел со иницијали. „Се работи за 34 – годишно лице со иницијали Л.А. кое живее во Битола“, рече тој.

Спасовски рече и дека имало опсежна активност на СВР Битола. „Се преземаа многу активности, беа извршени службени разговори, се прегледа материјал од видео надзор на повеќе објекти, и врз основа на сите тие податоци, дојдовме до сторителот“, посочи министерот за внатрешни работи.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови