Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд како и појава на електрични празнења, наместа во претпладневните часови а на други места околу пладне. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец.
Дневниот максимум ќе биде по низок а и температурите ќе бидат ниски во целост, особено на север и ќе се искачувааат во интервалот од 23 до 31 степен. Во Скопје и околината каде времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.
Потоа од утре следува нова промена на времето и период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 25 до 34 степени.