сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Спасовски: Во фаза на расчистување сме на случајот со пријавите за поставени бомби во Делчево

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во фаза на расчистување е случајот со пријавите за бомби во Делчево. Се надева дека наскоро ќе биде расчистен овој случај.

Во изјава за медиуми дадена во Куманово, министерот Спасовски рече дека во борбата против хибридните закани потребен е заеднички одговор.

– Формиран е работен тим од повеќе институции којшто ќе работи во делот на спречување на сајбер нападите. Сите треба да се вклучиме во борбата за да ги спречиме овие закани и напади. Веќе сме во фаза на расчистување и се надеваме дека наскоро ќе го расчистиме случајот со пријавување на бомби во Делчево. Полека откривачката дејност во овој дел се шири, меѓутоа хибридните закани што доаѓаат и кои сметаме дека се дел од испреплетување на геостратешките интереси токму на нашата територија се напади за кои е потребно заеднички да дадеме одговор, рече Спасовски.

Според него, важно е да се градат материјалните и човечките капацитети во институциите за да може да се спречат ваквите хибридни напади.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови