недела, ноември 9, 2025
8.8 C
Skopje

Спасовски му предложи на Собранието да ја разреши Мизрахи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Предлогот на Спасовски е утрово доставен до собраниските служби и сега треба да биде ставен на дневен ред на наредната седница.

„За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако опозицијата мисли дека ситнопартиски интереси се поважни од иднината на државата, се лаже. Предлогот е веќе доставен до Собранието и предлагам да биде разрешена заради тоа што мора да се почитува Уставот и Законот“, рече Спасовски на денешната прес-конференција во Владата за фотоволтаици.

Министерката Мизрахи и вчера одржа прес-конференција во Министерството за труд и социјална политика пред табла со името Република Македонија. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во неделата побара од премиерот Спасовски да ја разреши Мизрахи бидејќи не го почитува Договорот од Преспа и заради тоа што добил вербална нота од Грција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови