сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

ССМ:Пратеници на СДСМ и ДУИ го поништија амандманот за зголемување на платите од 15 проценти за администрацијата

Сојузот на синдикатите на Македонија до сите пратеници достави предлог барање со предлог платите на сите вработени во јавен сектор да се зголемат за најмалку 15%.

Амандманот предложен од ССМ, а поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија минатата недела го помина првичниот филтер на Комисијата за финансирање и буџет, но уште тогаш пратениците на мнозинството се заканија дека ќе бара негово поништување поради тоа што дел од нив наместо да седат на Комисијата и да гласаат во интерес на работниците имале побитна работа и не учествувале на работата на Комисијата, иако за тоа се платени од придонесите од платите на работниците.

Вчера, на Законодавно правната комисија, пратениците на СДСМ и ДУИ, Снежана Калеска, Мухамед Кадриов, Фаница Николовска, Даниела Николова, Марија Кочовска, Коле Чаракчиев и Бедри Фазли го поништија амандманот за зголемување на платите од 15% за вработените во администрацијата.

Пратниците од Власта платени од народни пари и парите на работниците,  очигледно учествуваат во работата на Комисиите само кога треба да му земат и скратат на работникот, а не и да му дадат.

Жалиме што и покрај нашите постојани лобирања и укажување за неопходноста од овој предлог, пратениците од СДСМ и ДУИ не го послушаа гласот на работниците, па многу е веројатно работниците да ги потсетат во наредниот период кога ќе им биде потребен гласот на работниците.

Како и досега, ССМ продолжува да ја води борбата на сите нивоа и искажува благодарност до сите пратеници кои ги поддржуваат и предложуваат амандманите во интерес на работниците.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови