среда, февруари 12, 2025
-3.2 C
Skopje

Стабилна е состојбата на седуммината заразени со коронавирус, Филипче ќе предложи нови мерки за превенција

Стабилна е состојбата на сите седум пациенти заразени со коронавирус и се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, објави Министерството за здравство.

Првата заразена пациентка, 50-годишната жена која дојде од Италија со комбе преку граничниот премин Табановце на 26 февруари, е во целосно стабилизирана состојба. На Инфективната клиника се лекуваат двајцата сопружници од Дебар и тројца членови на нивното семејство, како и директорката на Клиниката за кожни болести, кои исто така допатуваа од Италија. Во изолација се 193 лица, кои имале контакт со директорката на Клиниката за кожни болести. Целиот персонал е во изолација, а Клиниката е затворена.

Mинистерот за здравство Венко Филипче денес ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а меѓудругото ќе дискутира за евентуални нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.

Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови