вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Ставен под контрола огнот на градската депонија во Македонска Каменица

Огнот на градската депонија во Македонска Каменица е ставен под контрола. Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река” кои учествуваа во неговото гаснње остануваат да го контролираат теренот и во текот на ноќните часови.

– Огнот кој гореше на градската депонија, што е трет ваков случај во последните триесетина дена, е ставен под контрола, а механизација на Јавното претпријатие „Камена Река” континуирано ќе биде на терен за да се спречи повторно палење, информираа од претпријатието.

Од Општина Македонска Каменица упатија апел до граѓаните да се однесуваат одговорно при фрлањето на отпадот и да алармираат навремено доколку забележат повторно палење.

Општината и ЈП „Камена Река” во текот на наредната година најавија поставување на комплетен видео надзор на депонијата, со што ќе се намалат штетите предизвикани од човечки фактор.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови