Стапката на невработеност продолжува да паѓа. Во третиот квартал од годинава невработеноста е на ниво од 17,1 отсто за разлика од претходните три месеци кога невработеноста изнесуваше 17,5 отсто.
И натаму највисока невработеност има кај граѓаните до 24 години и изнесува 35 отсто. Податоците на државната статистика покажуваат дека бројот на активно население во Македонија изнесува околу 965 илјади граѓани. Од нив речиси 800 илјади се во редовен работен однос, а близу 165 илјади се без работа.