сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници

Почитувани, Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале.

Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници?

По кој основ фирмите Актико, потоа Окитна и Хантонос, потоа Хант Осој се на листа на должници?

И тука има две огромни неодговорени прашања:

1.Доколку немало поврат на ДДВ, туку парите се за “аконтација” за “во иднина”; зошто УЈП после година и пол ги става на листа на должници Актико/Окитна и потоа Хантонос/Хант Осој? Како УЈП им пресметала даночен долг, ако нема пристап до деловните книги?  За што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра? Дали УЈП признава фиктивна трговија на овие две фирми, на “празна ливада”, а нема увид во книгите и тоа јасно го покажуваат извештаите од надворешната контрола на УЈП направена после цела година од продажбата на фирмите и година и пол по трговијата на овие фирми?

2.Зошто за Актико/Окитна и за Хантонос/Хант Осој нема предмет до ОЈО, тука има јасен организиран криминал?

Дури и во извештаите стои дека има сомнеж за други казниви дела. Законот е јасен, ова е криминал што опфаќа повеќе делови од Кривичниот закон како Член 60-а за даночна пријава со лажни податоци заради имотна корист, до член 378 за фалсификувани исправи. И ова било должност и пракса на УЈП.

Зошто Лукаревска не поднесе кривична, туку фирмите ги става на листа на должници?

Верувам дека во УЈП точно знаат за што зборам, и добро е некој да и одржи обука на Сања Лукаревска.

Почитувани криминал од 22 милиони евра се случува пред нос на Лукаревска. И тоа од исти ликови поврзани со криминален поврат на ДДВ во 2020 година. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови