среда, јануари 15, 2025
4.8 C
Skopje

Стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите калкулации зголемувањето на минималната плата, смета премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава.

Според Ковачевски, и кога се зголемуваше минималната плата на 18 проценти, стопанските комори немаа никаква забелешка со оглед дека просечното ниво на плати во приватниот сектор, како што објасни, е повиско од она на минималната плата.

-Кога се правеше Законот за минимална плата се воведе модел во кој се вклучува и порастот на трошоците, но и на продуктивноста. Сметам дека повторно нема да има никакво негативно влијание врз приватниот сектор. Нормално, тоа усогласусвање ќе следи и во другите сектори, а ќе влијае и на зголемувањето на просечната плата. Јас бев убеден дека просечната плата ќе биде над 500 евра во 2022 година и тоа се случи. Сметам дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулчации и зголемувањето на минималната плата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на РЕК Битола.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови