Од понеделник, студентските домови во Скопје се отвораат за студентите, најавија министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Државен студентски центар Дарио Николовски, по денешната посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.
Домовите ќе функционираат според посебни протоколи, со ограничен број станари.