Ние сме во убедлива предност пред ДУИ во изборните единици од каде добиваме информации, се надеваме дека овој тренд ќе продолжи до крајот на броењето на гласовите, истакна генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.
-Бројни нерегуларности се забележани во организација на СДСМ и ДУИ, како заплашување на гласачи, бугарски воз во Липковско и Сарај, употреба на полиција… – рече Таравари пред новинарите.
Тој во изборниот штаб најави дека партиските лидери на коалицијата ААА, Зијадин Села и Африм Гаши, ќе се обратат пред јавноста на конференција во 11.30 часот.