вторник, ноември 18, 2025
9.8 C
Skopje

Теута Арифи одликувана со „Орден на Ѕвездата на Италија“

На свеченост во Италијанската амбасада, тетовската градоначалничка Теута Арифи е одликувана со „Орден на Ѕвездата на Италија“, информираат од нејзиниот кабинет.

Ова одликување е доделено за придонес во промоција на вредностите на италијанската култура и јазик во странство.

– Наскоро во Тетово ќе профункционира и Италијански агол на книгата, што ќе служи како културен мост меѓу двете земји. Му благодарам на амбасадорот Карло Ромео за честа и гостопримството и верувам дека и во иднина ќе продолжиме да соработуваме и да промовираме прогресивни европски вредности и практики во нашата земја – истакнува Арифи.

Италијанското одликување првпат почнало да се доделува од претседателот на таа држава од 2011 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови