недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Техничарка на радиологија во Кочани претепала три колешки

Техничко лице со иницијали Ј.Т. вчера претепала три колешки во кочанската болница. Нетрпеливоста меѓу техничарката и трите колешки траела подолго време, а неколку пати таа се обидела и физички да се пресмета со нив. Вчера се случил сличен напад кога Ј.Т физички ги нападнала.

Од денеска трите жени се на боледување, а пациентите се препраќаат во болницата во Виница.

Техничарката неколку пати била пријавувана кај менаџерскиот тим и против неа биле покренати неколку дисциплински постапки. Вчерашниот инцидент е пријавен и во полиција, а заведен е и во билтенот на СВР Штип. Се врши расчистување на случајот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови