сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Тошковски на средба со раководството на СВР Штип

Техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на Штип каде одржал работен состанок со раководството на СВР Штип, а го посетил и Отсекот за управни работи Штип, соопшти МВР.

На состанокот се разговарало за движењето на криминалот на подрачјето што го покрива СВР Штип и мерките и активностите што се преземаат за одржување на поволна безбедносна состојба. Во тој контекст, стои во соопштението од МВР, било потенцирано дека има зајакнати контроли на експресниот пат каде често се случуваат сообраќајни несреќи со тешки последици.

– Во однос на човечките ресурси и материјално-технички средства раководството за СВР Штип се пожали на слабата кадровска пополнетост и недостаток на возила кои им се основна алатка за работа, се вели во соопштението.

Што се однесува до спроведувањето на изборите, министерот Тошковски ја потенцирал заложбата за постапување исклучиво согласно законските прописи и во таа насока полициските службеници треба да бидат гаранција за овозможување на услови секој граѓанин слободно да го оствари своето право на глас.

Во делот на управните служби, се подвлекува во соопштението, постапките за издавање на лични документи се одвиваат нормално и без поголеми гужви и покрај тоа што овие служби функционираат во ограничени просторни услови.

Во рамки на посетата на СВР Штип министерот Тошковски заедно со Отсекот за превенција, на случајни минувачи им поделиле флаери со едукативна содржина кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните за важноста на соработката со полицијата

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови