Во Гостивар денеска ќе биде отворена новата доградба на градинката „Детска радост“ во Гостивар, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Како што е најавено, на отворањето на градинката ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.