понеделник, декември 9, 2024
3.8 C
Skopje

Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

 

Во рамки на Економско-социјалниот совет, во март ќе се разговара за минималната плата согласно податоците добиени од Државниот завод за статистика и се очекува таа да биде околу 20.200 денари, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во гостување на ТВ24.

Таа посочи дека методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, истакна таа, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата.

-Во март секоја година, согласно оваа методологија, ќе се усогласува минималната плата. Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000  денари повисока минимална плата, рече Тренчевска.

Таа истакна дека Владата е насочена кон системски решенија, а не популистички мерки.

-Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација,  кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата, рече Тренчевска.

Као што информира МТСП, министерката зборуваше и за нацрт-законот за системот на плати во јавен сектор, кое МИОА го постави на ЕНЕР, а со тоа можност за коментари и забелешки. Таа потенцираше дека се работи за драфт верзија за која ќе се  консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и други. Таа зборуваше  за неунифицираниот систем на плати во јавен сектор, како на пример, лице кое работи во јавно претпријатие или агенција да зема плата повисока од судија на врховен суд или претседател на држава.

Министерката посочи дека законот воведува систем кој значи постојан раст на платите во јавниот сектор, како што е воспоставениот систем на минимална плата и пензии.

Во однос на поддршката за граѓаните во време на економска и енергетска криза, министерката се осврна на антикризните мерки кои во моментов се активни, а ги опфаќаат најранливите категории на граѓани, кои од декември до март ќе се исплаќаат секој месец. Таа потсети дека секој јануари согласно Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита, се усогласуваат  правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот и дека со исплатата на правата за јануари, правата ќе бидат повисоки за 14.2 проценти.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови