сабота, септември 7, 2024
24.8 C
Skopje

Трета пресуда за „Змиско око“

Условни затворски казни пресуди Кривичниот суд денеска за случајот „Змиско Око“. Четворица вработени во патарината ги ослободи од обвинение за злоупотреба на службената положба.

Судењето кое трае со години повторно ќе оди пред Апелациониот суд бидејќи осудените се незадоволни од пресудите кои денеска ги добија по трет пат.

Инаку тие беа вработени на наплатните рампи на автопатите во земјава, а беа обвинети дека земале пари наместо да наплаќаат патарини.

Слични текстови