Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава изречени се 707 прекршочни казни за неносење лична заштита за лице.
Исто така, за 24 часа на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, конатирано е дека две лица ги прекршиле мерките.
Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.