сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Трипуновски: Доаѓаат подобри времиња за земјоделците

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општините Куманово и Липково каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овие две општини.

На средбите е разговарано за сите актуелни теми од земјоделството како и за сите проблеми и предизвици со коишто се соочуваат земјоделците изминативе години.

Денес сум во посета на општините Куманово и Липково. Она што можам да го пренесам е дека ситуацијата не е сјајна, односно земјоделците од овие две општини се заборавени од централната власт. Имаме сериозни проблеми во делот на неисплатени субвенции, лошото управување со земјоделското земјиште, немаме инвестиции од страна на централната власт во делот на модернизација на земјоделците коишто егзистираат во овие две општини и најгорливиот проблем е проблемот со лошото менаџирање на водите, односно немањето навремено вода за полевање на земјоделските површини, – изјави Трипуновски.

Земјоделците се пожалиле и на локалната самоуправа која што не води грижа за обезбедување на добри услови во руралните средини.

Доаѓаат подобри времиња за земјоделците во Република Македонија, ние имаме сериозен план и визија како да ја вратиме Македонија да биде повторно земјоделска држава која што ќе обезбеди храна и за сопствениот народ и за извоз кој што ќе значи девизен прилив како што беше и во минатото. – заврши Трипуновски.

Дополнителeн заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови