недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Уапсени три лица во врска со убиството на 22 годишното момче во Струмица

Три лица се уапсени во врска со синоќешното убиство на 22 – годишното момче кое се случи во турското маало во Струмица, на улицата „Bетовенова“.

Според МВР, до убиството дошло по претходна расправија меѓу две семејства. Во расправијата која од вербална поминала во физичка, еден од сега уапсените со остар предмет му нанел повреди на 22 годишното момче, кое подоцна починало во струмичкиот медицински центар. Полицијата веднаш интервенирала по пријавувањето на случајот а со судска наредба при извршениот претрес во домот на главниот осомничен за убиството биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

По наредба на струмичкото обвинителство телото на починатото момче кое било со повеќе убодни рани е предадено на обдукција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови