Откако вчерашниот почеток на учебната година беше одложен за први октомври поради пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се прошири снимка од забава во кафулиња во ТЦ Бисер.
На видеото може да се види дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот не се почитуваат, па средношколците кои присуствуваа на забавата не држеа никакво растојание ниту на отворено, ниту во затворениот дел.
https://www.facebook.com/1309721200/videos/10218497241044849/?extid=4x3iPdADjBmJ3LA1
Средношколците не носат ниту маски на снимката, а може да се забележи и како делат наргиле.