сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Учеството на жените и во техничките влади е само исполнување на статистика

Собранието на Македонија со 65 гласа „за“ и три против, на крајот на јануари ја изгласа техничката влада на чело со Талат Џафери. Техничката влада ја предводи државата 100 дена пред избори.

Основна задача на владата е да организира фер и демократски парламентарни избори. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, иако предложи свои кандидати во владата, не гласаше за нејзиниот избор, оти се противат владата да ја предводи Талат Џафери.

Но преку предлозите, опозициската партија која што претендира да дојде на власт, остава слика на намерите што ги има.

Од досегашните технички Влади, пораката што се испраќа е дека жените се само исполнување на статистика.

Во 2016-та година, во Техничката влада на Емил Димитрив имало три жени на министерски позиции. Единствена предложена од тогашната опозиција била Фросина Ременски  како министерка за труд и социјална политика. Освен неа, од владејачката партија биле и Елизабета Канческа-Милевска како министерка за култура и Марта Арсовска-Томовска – министерка за информатичко општество и администрација.

Во следната Техничка влада во 2020 на чело со Оливер Спасовски имало повеќе жени, дури четири, но само една била предложена од опозицијата. Радмила Шеќеринска – министерка за одбрана, Нина Ангеловска – министерка за финансии, Рената Дескоска – министерка за правда и поставена од опозицијата била единствено Рашела Мизрахи како министерка за труд и социјална политика. Зорица Апостолска – министерка без ресор задолжена за странски инвестиции и нова позиција доби и Мила Царовска, која во техничката влада беше вицепремиерка за економски прашања.

Во моменталната Техничка влада на чело со Талат Џафери има вкупно четири министерки. Славица Грковска – заменик на претседателот на владата задолжен за политики за добро владеење, Славјанка Петровска – министерка за одбрана, Бисера Костадиновска-Стојчевска – министерка за култура и Каја Шукова – министерка за животна средина и просторно планирање. Опозицијата за оваа техничка влада ја има само Елена Петрова, но како дополнителен заменик-министер за финансии.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови