вторник, јануари 14, 2025
0.8 C
Skopje

Фон дер Лајен: Разговарав со Ковачевски, Скопје и Софија се блиску до договор

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен објави дека телефонски разговарала со премиерот Димитар Ковачевски и дека ги поздравува информациите дека Македонија и Бугарија се блиску до договор.

„Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа додава дека Европската комисија е спремна да го почне скринингот за Македонија и Албанија на нивниот европски пат.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови