сабота, декември 7, 2024
4.8 C
Skopje

Фросина Ременски осомничена за малверзации во „Меѓународниот Сојуз“

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“. За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост. Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, соопшти Обвинителството.

Во рамките на истрагата за рекетот двајца пратеници на СДСМ дадоа изјави како сведоци во обвинителството. Александар Кирацоски и Фросина Ременски-Ташевска беа на распит.

Кирацоски бил на средби на која претставници на меѓународниот сојуз се среќавале со градоначалничката на Битола каде се барани локации за старечки домови. Ременски пак беше и почесен претседател на Меѓународниот Сојуз.

Државниот обвинител Љупчо Јовевски кој денеска изјави дека е проширена истрагата и со неа се опфатени 5 лица и една невладина организација. Не сакаше да прецизира кои се осомничени, само кратко рече дека дел од нив биле веќе повикани и дале исказ. (ТВ Телма)

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови