недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Хуманитарна донација од Тим Европа и меѓународни партнери

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, заедно со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ денеска ќе учествуваат на церемонијата на донации во Јуроп Хаус Велес.

Церемонијата на донирање, како што наведуваат од Делегацијата на ЕУ, е завршен настан на Добротворниот базар што го организираше Dobredojde Macedonia Welcome Centre во декември минатата година, под покровителство на амбасадорот Гир. Тим Европа беше претставена од амбасадите на Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Романија, Словачка, Словенија, Полска, Шпанија и од Шведска. На Базарот учествуваа и други меѓународни партнери, како што се амбасадите на Швајцарија и Јапонија, Институтот Конфучие при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Секретаријатот на Југоисточна здравствена мрежа и почесниот генерален конзул на Монголија.

Со помош на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, Центарот за младински активизам КРИК – Скопје и Јавната установа за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, средствата собрани на добротворниот базар се искористени за набавка на опрема за лица со попреченост во повеќе домови во Скопје и Велес. Корисниците ќе добијат производи за домаќинство кои ќе помогнат во подобрување на нивното секојдневие.

 

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови