вторник, ноември 5, 2024
4.8 C
Skopje

ЦО на СДСМ повика на обединување за продолжување на европскиот пат на државата

Централниот одбор цени дека оваа поддршка на САД за целосно заокружување  на процесот за членство во ЕУ, е исклучително за иднината на земјата и за сите наши граѓани. Во оваа насока ЦО на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат, е историска шанса, и треба да се искористи сега, затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме ова шанса повторно. Ова го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во изјава за медиумите  дадена во тек на седницата на Централниот одбор на партијата.

Таа исто така информираше дека ЦО на СДСМ донесе заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ.

Во оваа насока ЦО го задолжи претседателот на партијата да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат. Членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот, истакна Кузеска.

Како што најави таа,  Ковачевски утре ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава, и реформите за продолжување на европскиот пат.

– СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат, додаде Кузеска.

На прашањето дали тоа значи дека се разговара покрај последните изјави на помалите владини коалициски партнери дека е можно повлекување од коалицијата, таа повтори дека многу е важно да се препознае оваа шанса која што е пред нас и навистина треба сите политички партии да си го постават прашањето дали би ја имале оваа шанса повторно.

– И затоа веруваме дека сите политички партии коишто секако имаат свои ставови, ќе бидат над нив, и ќе работиме сите за големата слика односно да ја искористиме шансата за полноправно членство во ЕУ, подвлече Кузеска.

Седницата на ЦО на СДСМ продолжува со другите точки коишто се на дневен ред за повеќе актуелни теми со фокус на реформите важни за продолжување на европскиот пат на државата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови