И денеска продолжува потрагата по 28-годишниот Мартин кој се води за исчезнат во водите на Егејското море. Грчките спасувачки екипи со три пловни објекти и четири патролни возила од утрово го бараат туристот од Северна Македонија, а во потрагата се очекува да се вклучи и авион.
Денеска временските услови се поповолни од претходните 24 часа.
Вчера грчката крајбрежна стража го пребаруваше крајбрежјето, а вклучен беше и подводен дрон. На Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во Соединетите Американски Држави.
Тој и понатаму се води како исчезнат откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.
Трите момчиња имале роденденската забава. Кога влегле во водата, нејверојатно стигнале до врвот од заливот каде пливањето е најстрого забрането и каде морските струи се мошне опасни.