четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Оттаму велат дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а денес 14 жалби.

– Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките за притворските предмети за Кочани. Многу жалби има, а само тројца судии се за такви предмети, велат од Штипска апелација.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови