Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска беше во подружницата на ЈП Национални шуми – Бабуна Велес каде што сите работници се едногласни по однос на потребата од исполнување на барањата поради кои во четвртокот започна штрајкот,а кој денеска продолжи.
Вработените реагираа дека и последната плата за јануари која ја добија деновиве по прогласување на штрајк е намалена незаконски за две илјади денари на секој вработен во ова јавно претпријатие, како и тоа што веќе неколку месеци не им се исплаќа теренскиот додаток и другите додатоци на плата.
Како што велат од ССМ, револтот е голем кај околу две илјади вработени во ЈП Национални шуми во земјава, упатен до нивниот менаџерски тим поради тоа што во континуитет доцнат со исплата на нивната плата, и поради тоа што повторно им исплаќаат намалена плата
Ги потсетуваат дека рокот за исплата на платата за февруари истекува на 15-тти март. Воедно најавуваат дека доколку платата за февруари не им се исплати во законски предвидениот рок,најавуваат да организирааат протест пред централата на ЈП Национални шуми во Скопје.