петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Шукова и Пенов на настан „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“

Министрите за животна средина и просторно планирање и за локална самоуправа Каја Шукова и Ристо Пенов денеска ќе се обратат на настан на тема „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“, што ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје.

Целта на настанот, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, е да ги обедини градоначалниците од државава како едни од најзначајните алки во справување со локални еколошки предизвици, но и акции во прилагодување и ублажување на климатските промени, преку потпишување декларација  за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови

претходна статија
Следна статија
Конференција „Европски план за победа над канцерот: Здружување на силите“ по повод Светскиот ден за борба против ракот Во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, Европската комисија денеска организира Конференција на високо ниво насловена „Европски план за победа над канцерот: Здружување на силите“, чиј цел е да се направи анализа на напорите на ЕУ за подобрување на квалитетот на животот на лицата жртви на оваа болеста и засилување на борбата против неа. Домаќин на собирот ќе биде еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес, а конференцијата ќе почне со видео обраќања на претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола. Како што соопшти Еврокомисијата, борбата против ракот е еден од нејзините главни приоритети во областа на здравството, што резултираше со усвојување на Европскиот план за борба против канцерот пред три години, чија цел е промена на реалноста поврзана со оваа болест. Преглед на резултатите од напорите на ЕК во борбата против ракот ќе даде потпретседателот на Еврокомисијата за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас, а пред присутните ќе се обрати и белгискиот вицепремиер и министер за социјални работи и јавно здравје на Белгија, министерот Франк Ванденбруке, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. На Конференцијата ќе присуствуваат пациенти, здравствени работници, национални експерти и претставници на институциите на ЕУ и на меѓународни организации, како што се Светската здравствена организација (СЗО) и Унијата за меѓународна контрола на ракот (УИЦЦ). Темите по кои ќе се дискутира на собирот се постигнувањата во рамките на Европски план за победа над канцерот, можностите за подобрување на шансите на децата заболени од рак, важноста на скрининг прегледите, пристапот до психосоцијална онкологија, како и меѓународната соработка во борбата против оваа болест и во справување со нееднаквостите.