петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Јаневска, Пешев и Улман ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев денеска ќе ја посетат компанијата „Каз груп“ во Скопје, која е вклучена во реализација на концептот на дуално образование.

Како што информира Стопанската комора, фабриката за водоводни цевки „Каз груп“ во Скопје реализира практична обука на учениците и соработува со стручното училиште СУГС „Владо Тасески“ – Скопје. Професорот за практична настава од училиштето, со 10-тина ученици кои посетуваат пракса во компанијата ќе бидат исто така присутни на настанот.

Компанијата е лоцирана во скопската општина Илинден

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови