недела, декември 15, 2024
3.8 C
Skopje

Јапонски грантови за пет проекти, вредни 300 илјади евра

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра.

На церемонијата што ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, како што најавуваат од Јапонската амбасада, ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за здравтсво Илир Демири и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Грант договорите што ќе бидат потшишани се однесуваат на Проект за набавка на дигитален рентген за ЈЗУ Здравствен дом

Неготино, Проект за набавка на комунално возило за општина Ранковце, Проект за набавка на ултразвук за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Проект за реконструкција на покривот на ОУ Раде Кратовче – Кочани и Проект за подобрување на објектот на Универзитетската Клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови