ДУИ ги доби ресорите за финансии, за надворешни работи, за економија, за животна средина, за информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.
Венко Филипче останува министер за здравство, Оливер Спасовски се враќа на чело на Министерството за внатрешни работи, нов министер за одбрана ќе биде Љупчо Николовски, за образование најверојатно Радмила Шекеринска, Мила Царовска се враќа во труд и социјала, а и ресорот правда ќе биде во рацете на СДСМ по распределбата на владиниот колач во коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА што беше објавена вчера, се шпекулира во кулоарите.
Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не е кадар од СДСМ, ќе биде вице премиер за евроинтеграции.
ДУИ ги доби ресорите за финансии, за надворешни работи, за економија, за животна средина, за информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.
Како нов министер за финансии се спомнува името на Фатмир Бесими, поранешен министер за одбрана и екс вицегувернер.
Талат Џафери останува претседател на Собранието. За прв пат се воведува функцијата прв заменик премиер кој ќе биде од редовите на ДУИ.
Министерството за земјоделие ќе го раководи кадар на БЕСА.
Денеска се очекува на Централен одбор на СДСМ и на Централен совет на ДУИ да се потврдат новите кадровски решенија што ги договориле лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.