вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Џафери: Владата функционира целосно и непречено, во рамки на надлежностите

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери осврнувајќи се на предложените промени во нејзиниот состав, истакна дека Владата функционира целосно, непречено и во рамки на надлежностите.

-Владата  функционира потполно. Преземени се активности и мерки по однос на решавање на статусот на дел, односно на членови на Владата соодветно на процедурата која е пропишана и надлежностите дадени со Устав, вели Џафери во интервју за „Дојче Веле“.

Како што информираат денеска од владината прес-служба, Џафери во интервјуто воедно потенцира дека не може да коментира изјави на членови на Влада кои си ги даваат од име на партиите и како членови на партиите, посочувајќи дека негов примарен фокус се надлежностите кои ги има како претседател на Владата на Република Северна Македонија.

-Јас сум претседател на Владата и одговорам за Владата. Јас водам сметка да ја водам Владата по однос на она што се законите, прописите и процедурите и функционирањето на Владата“, дециден е Џафери.

Прашан каква е соработката со министрите од опозицијата, премиерот Џафери потенцира дека односот е соодветен и колегијален, и дека сите членови на Владата без оглед на тоа од кој субјект доаѓаат ги имаат истите права и обврски и секако, како што нагласува, го имаат истиот третман.

-Без оглед на она што се позиционо определени, односно како дел од опозицијата се влезени во Владата, како дел од пржинскиот договор, тие се членови на Влада со полно право и надлежност да спроведуваат она што е работа на Владата, нагласува Џафери во интервјуто за „Дојче Веле“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови