Техничкиот премиер, Талат Џафери, во обраќањето пред наставниците и учениците, во ОУ „Форина“ во гостиварското село Форино по повод 7 Март Ден на учителот, кажа дека на овој ден им се оддава почит на учителите кои ја извршуваат најблагородната професија, која ги образува и воспитува идните генерации.
Џафери го посети основното училиште во неговото родно село Форино и ја проследи програмата која учениците ја подготвија за празникот.
Тој во обраќањето посочи дека овој ден е потсетување на отворањето на првата училница со настава на албански јазик во Корча, со што се поставени темелите на албанското образование.
– Оддаваме почит до сите што се живи и се меѓу нас, за придонесот што го имаат дадено. Денес, ја уживаме можноста во која младите генерации имаат избор од повеќе универзитети на кои се одвива настава на албански јазик, рече тој, обраќањето потенцирајќи ја улогата на учителите во образовниот процес, како и во надградување на знаењето на учениците, што е важно за иднината на младите, но и за напредокот на општеството.
Тој ги спомена и Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, како високообразовни установи имаат кои, како што рече имаа една заедничка цел, а тоа е да се развие високата академска мисија на албанскиот јазик.
Денот на учителот во Гостивар се одбележува со заеднички ручек на пензионираните наставници-албанци што го организира локалната самоуправа, чиј домаќин е градоначалникот Арбен Таравари, а вечерва во центарот за култура ќе биде изведена културно-уметничка програма.