сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Џафери – Стефанишина: Северна Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност

Северна Македонија е партнер на Украина и важен фактор во европската стабилност, истакнал претседателот на техничката Влада, Талат Џафери на средбата во Минхен со вицепремиерката на Украина за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина.

Владината прес-служба соопшти дека на состанокот заеднички било оценето дека безбедносното прашање на Украина е безбедносен предизвик за цела Европа и за меѓународната демократска заедница во глобални рамки.

Од тие причини, како што се додава во соопштението, биле изразени очекувања европската и светската демократска јавност да стојат заедно и едни до други како клучен предуслов за одбраната на глобалниот мир.

-Република Северна Македонија веднаш и недвосмислено ја осуди агресијата на Руската Федерација врз Украина, поддржувајќи го украинскиот територијален интегритет. Исто така, застанавме стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија во однос на надворешната и безбедносна политика. И како совесна членка на НАТО, ја пружаме потребната помош на Украина, нагласил Џафери.

Тој ја поздравил и одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори за членство на Украина во Европската Унија, како и отворањето можност за споделување искуства во однос на евроинтеграцискиот процес и реформите потребни за приближување кон Унијата.

Џафери напоменал дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени на политиката на отворени врати на НАТО и ја поддржуваме апликацијата на Украина за членство во НАТО.

-Украина беше, исто така, врвен приоритет и клучно безбедносно прашање при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Северна Македонија работеше и се уште работи на обезбедувањето суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ, истакнал премиерот Џафери.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови