среда, октомври 1, 2025
16.8 C
Skopje

Мисајловски: Инвестираме во одбраната и армиските капацитети за безбедна држава и сигурни граѓани

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на состанок на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици е од приоритетно значење за нас.“

Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно опремување и модернизација на македонската Армија.

-На последниот самит на НАТО, ние – сите 32 земји членки, едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбрана. Во следниве 10 години, односно до 2035 година, инвестициите во одбраната да го достигнат нивото од 3,5 проценти од БДП, и дополнително инвестирање од 1,5 процент од БДП во активности и проекти поврзани со одбраната, како што се инфраструктура, кризен менаџмент, сајбер-безбедност“, рече министерот.

Мисајловски додаде дека веќе „интензивно се работи на проекции на зголемување на буџетот на одбраната“, што значи и поголеми инвестиции во одбранбениот сектор.

Во однос на стратешките документи, министерот информираше дека во процес на донесување е Националната стратегија за безбедност, што, рече, е основа за ажурирање на останатите стратешки документи – Стратегијата за одбрана и плановите за одбранбени способности.

Мисајловски подвлече, наведува МО во соопштението,  дека одбраната не е изолиран сектор, туку е еден поширок систем на општествена отпорност.

-Додаде дека „од особена важност е вклучувањето на сите релевантни фактори во справувањето со денешните закани, како од институциите, така и од академската заедница, приватниот сектор, невладините организации, медиумите, како и континуирано продлабочување на регионалната соработка и соработката во НАТО и ЕУ контекст, соопшти Министерството за одбрана.

На работниот состанок присуствуваше и вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставници на УНДП, професори од државниот универзитет во Аризона, претставници на институции, локалните самоуправи, граѓанскиот и бизнис-сектор.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови

претходна статија
Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица Адвокат Катерина Јовановска – како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич – правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР., се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги превзема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е ЗАБРАНЕТО политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги превземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување. Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Следна статија