петок, октомври 10, 2025
10.8 C
Skopje

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција на улицата позната како „Пластичарска“, каде што заедно со кандидатите за советници разговараше со сопственици на дуќани и им ја претстави програмата во делот на економските мерки. Фокусот, како што истакна, е ставен на младите и жените како носители на локалниот економски развој, наведува тимот на Османи во соопштение.

„Чаир е можеби најгусто населената општина во Европа, со 80.000 жители на само 3,5 квадратни километри, од кои повеќе од 14% се млади под 30 години. Затоа е многу важно да се создаде економска перспектива за оваа генерација, преку нивното економско ангажирање и поддршка“, изјави Османи.

Тој најави формирање на Центар за иновации и бизнис, кој ќе им овозможи на младите претприемачи советодавна и техничка поддршка за развој на нивните идеи и старт-ап иницијативи.

„Општината ќе формира центар на експерти за да им помогне на младите со нивните идеи, со развојот на нивните претприемачки иницијативи и мали бизниси“, рече Османи.

Во рамките на програмата, предвидени се субвенции за младите што ќе започнат сопствен бизнис, како и грантови за првите плати на фирмите што ќе вработуваат млади лица.

Посебен дел од економската програма е наменет за економското зајакнување на жените. Османи најави создавање на прва школа или академија за жени во занаетчиство, каде што учесничките ќе стекнат сертификати за отворање сопствени бизниси.

„Општината ќе ги субвенционира тие бизниси, затоа што жените мора да добијат можност да станат активен дел од локалната економија на Чаир“, нагласи Османи.

Тој најави и формирање на Економско-социјален совет кој еднаш месечно ќе ги обединува општината, бизнис заедницата и младинските организации за да ја дефинираат стратегијата за понатамошен локален развој.

„Ова е дел од пакетот што сигурно ќе го реализираме. Но за вистински економски напредок, треба да го отвориме патот кон Европската Унија и европските фондови, кои се клуч за нова економска енергија во општината“, истакна Османи.

Тој посочи дека за да има локален економски развој потребено е и национален економски развој, нешто што во моментов не се случува заради лошото водење на надворешната и економската политика од страна на владата.

„Но, не може да се започне ниту еден проект без да се зборува за единствената перспектива што им дава шанса на младите, што ѝ дава шанса на државата. А тоа е интеграцијата во Европската унија. Знаете дека пред пет месеци ја оставивме земјата со започнати преговори со ЕУ. Сега, таа перспектива е целосно блокирана. Таа повеќе не е дел од јавната дебата. Никој веќе не зборува за европската иднина. Стотици милиони евра од фондовите на ЕУ, кои денес ги користат Албанија, Црна Гора и земјите од регионот, Македонија не ги користи. Самата блокада на патот кон интеграциите направи странските инвеститори веќе да немаат интерес за оваа земја“, потенцираше Османи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови

претходна статија
Следна статија
Реакција на лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на изјавата од Венко Филипче Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава лидерот на опозицијата Венко Филипче. Првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ обвинува за соработка. Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално. “Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ“, изјави Димитриевски. За жал, рече тој, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100 илјади гласови и неа секојденвно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, бидејќи препознаваат дека нашето Движење е политилка партија која се создаде од обичните луѓе и ги држи крушевските и асномските идеали. “Бидејќи колку што гледам, неговот време поминува, претежно во Дубаи, ќе треба да даде објаснување за многу отворени прашања. На пример, како се добива златна виза и дополнително за сите инвестиции со кои средства се прават и пласираат таму. Бидејќи за да добиеш таква виза првенствено треба да бидеш инвеститор. Како тоа еден човек, во овој случај со докторска плата поседува толкав имот“, потенцираше Димитриевски и дополни. “Јас и денеска ќе повторам. Нека избере и време и место, нека избере новинари, дури и оние апологети што му се на платен список и нека се одважи да дојде на ТВ дуел пред лицето на јавноста да ги соочиме аргументите и фактите. Па да видиме кој е подизведувач. Ете Венко, одважи се и излези да се соочиме, верувам дека ќе смогнеш храброст, ако сакаш поведи и публика со себе. Јас ќе дојдам сам“.