среда, октомври 1, 2025
16.8 C
Skopje

Реџепи: Штетен договор за јавно осветлување на Општина Тетово, за 15 години компанија ќе инкасира околу 25 милиони евра од парите на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи од редовите на Национаната Алијанса за Интеграција (НАИ)  на прес-конференција денес образложи дека Општина Тетово потпишала штетен договор со приватен оператор за јавно осветлување на 17 ноември 2023 година. Според Реџепи станува збор за договор на 15 години.

-Според договорот, приватниот оператор бил обврзан во рок од 6 месеци од денот на потпишувањето да замени 8.720 стари светилки со нови смарт ЛЕД светилки. Тој рок одамна помина, а Тетово и денес нема модерно осветлување, а граѓаните плаќаат се поскапи сметки за јавно осветлување. Што се случува со парите на граѓаните? Од 10 милиони денари месечно што се собираат од таксата за јавно осветлување, 85% завршуваат во џебовите на приватниот оператор, а само 15% остануваат за Општината. Тоа значи околу 120 милиони денари или 2 милиони евра годишно, од кои речиси 1,65 милиони евра секоја година одат кај приватната компанија, а само 350 илјади евра остануваат за Општина Тетово. Заклучокот е јасен, за период од 15 години, оваа компанија ќе инкасира околу 25 милиони евра од парите на граѓаните на Тетово, додека почетната инвестиција е само 4,4 милиони евра, истакна Бајрам Реџепи.

Според него тој договор е скандалозен и поради неколку други причини, од кои првата е поради тоа што граѓаните и општинскиот буџет не се заштитени од можен раст на цената на електричната енергија. Реџепи вели дека тоа значи дека ако цената на енергијата се зголеми над 20%, разликата ја плаќа Општината, односно граѓаните, а во случај на поголеми заштеди, добивката ја зема приватниот оператор.

-Со овој договор се гарантира 15-годишен монопол. Една и пол деценија, јавното осветлување на Тетово ќе заложник на еден единствен оператор. Јавната сопственост се става во ризик. Инвесиранта опрема преминува во сопственост на Општината дури по 15 години, а во текот на целиот тој период Тетово останува во рацете на приватна компанија која ја контролира градската мрежа за осветлување. И како тоа да не беше доволно, договорот содржи и една скандалозна клаузула која му дозволува на приватниот оператор овој договор да го префрли или, поедноставно речено, да му го „подари“ на друга приватна компанија. Значи, јавното осветлување на Тетово се претвора во пазарна стока, истакна Реџепи.

Кандидатот за градоначалник рече дека овој договор ќе го укине веднаш и нема да дозволи, како што посочи „богатењето на поединци да се стави над јавниот интерес и иднината на Тетово“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови