вторник, октомври 7, 2025
11.8 C
Skopje

СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци?Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“, стои во соопштението а СДСМ.

Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат истраги, кривична одговорност. Имаа полни усти со големи зборови за наводен криминал и бараа Јавното обвинителство да постапува.

И сега кога се власт склучија договор со истата таа компанија, ИРД инеженеринг.

Ако ИРД Инженеринг беше „симбол на злоупотреби“, како што тврдеше Мицкоски, тогаш зошто потпишува договор со нив?

Дали тоа значи дека сега и Мицкоски е дел од епскиот криминал?

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови