вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

511 новозаразени со ковид-19

Во изминатите 24 часа оздравени се 264 пациенти, а не се пријавени починати лица. Но, од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на ден 05 јули
511 новозаразени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од направени 1.489 тестови најголем број регистрирани случаи се во Скопје-276. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 129 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Но, од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на ден 05 јули. Станува збор за лица на возраст од 72 и 88 години, од кои едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.

Според податоците од Министерството за здравство најмногу активни случаи има во Скопје-1045 и Куманово-103. Во Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија и Крушево во моментот нема ниту еден активен случај со ковид-19.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови