четврток, октомври 10, 2024
24.8 C
Skopje

Oд понеделник хронично болните на работа, задолжителен ПЦР тест за косовските државјани

Владата на денешната трета седница ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци, усвоен предлогот за бремените жени и за задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ Македонија.

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Владата ги усвои предлозите во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид-19 да се додадат два нови става во насока: медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години, државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Македонија и во случај на транзитирање низ државата.

Владата денеска повторно го разгледа и усвои предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, кој ќе биде испратен до Собранието на усвојување.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови