Пишува: Ивон Величковски
- На 27 април 2017 изборот на Џафери за претседател на Собранието беше искористен од членови на ВМРО-ДПМНЕ за упад во Собранието и обид да се спречи демократскиот избор на органи на власта.
- На 28 мај 2024 Гаши е избран за претседател на Собранието и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.
- Последното на што би сакале денес да се потсетат ВМРО-ДПМНЕ е дека “набљудувани” од “случајниот минувач” Живаљевиќ – ги навлекоа своите поддржувачи. Веројатно тие сега со право се прашуваат за што всушност упаднаа во Собранието, за малку ќе го убиеја Села и за чии интереси?
- “Тиранската платформа” за блокот на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 беше вовед во “албанизација на Македонија”.
- Законското уредување на употребата на албанскиот јазик потоа беше прогласено за “предавство”.
- 7 години подоцна, Гаши изјавата за вршење на должноста на која е избран и од ВМРО-ДПМНЕ ја даде на албански јазик, а Македонците и натаму се Македонци и Албанците и натаму се Албанци.
- Со усвојувањето на Преспанскиот договор беше дополнето името на државата. ВМРО-ДПМНЕ го отфрли договорот и… отиде на сите следни избори кандидирајќи функционери на Северна Македонија.
- Сега продолжува со “Никогаш Северна од Али експрес” сведено на “никогаш усмено, само писмено… до следна прилика”.
- Политичката непринципиелност затскриена зад “моралност” веќе е на “бандаж”. “Смоквините листови” (името, јазикот, идентитетот) веќе паднаа откако Силјановска-Давкова почна да се правда “Не изговарам Северна, ама потпишувам”, а Апасиев не поднесе предлог за раскинување на Преспанскиот договор.
- Мицкоски знае: Непримената на Преспанскиот и игнорирањето на Софискиот договор му се на располагање до конституирањето на новата Европска Комисија.
- Проблематичното владеење на правото и корупцијата што се кријат зад кочењето на европските интеграции на Северна Македонија со досегашните партиски политики потоа ќе го сведат на претходната власт. Денешната опозиција.
- Одмолчувајќи го сето ова на конститутивната собраниска седница, СДСМ станува патерица на власта што нема да се бори против корупцијата и невладеењето на правото кои ја држат Северна Македонија надвор од ЕУ и на рангот на формален дел од НАТО.
- Потребно е опстојување на корисното за нацијата и Републиката.
- За почеток – од оние кои не можат да бидат уценети. И со тоа слободно по реч, идеја и дејство. Вклучително во нови формати.