Apple надмина пазарна вредност од 2 милијарди долари!

16

„Apple“ официјално стана првата американска компанија која достигна пазарна вредност од 2 трилиони долари. Производителот на „iPhone“ го постигна ова откако акциите на компанијата се искачија на 467,77 долари за време на вчерашната трговска сесија.

Растот доаѓа по преминувањето на границата од 1,5 трилион долари во јуни, а две години претходно пазарната капитализација на „Apple“ се зголеми на над 1 трилион долари за прв пат.

Во последните две години, уште две американски компании ја преминаа границата од 1 трилион долари – „Amazon“ и „Microsoft“, но денес тие се вреднуваат на 1,63 и 1,57 трилиони долари, соодветно.

Новиот рекорд за „Apple“ доаѓа во услови на намалена продажба на „iPhone“, но на поголема побарувачка за компјутерите „Mac“ и на паметните телефони „Apple Watch“.

Покрај тоа, компанијата известува за раст на приходите од „Apple Music“ и „Apple TV +“, а за оваа есен планираат да го претстават следниот модел на паметни телефони – „iPhone 12“.

Ова ќе биде првиот телефон од компанијата што поддржува „5G“ технологија.

На крајот на трговската сесија, акциите на „ Apple“ беа вреднувани со 462,83 долари по акција.