Eвропа ќе собира помош за обнова на Албанија

16

Европската Унија организира донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот.

Европската комисија соопшти денес дека во јануари ќе биде одржана донаторска конференција за помош на Албанија, по земјотресот во кој загинаа 51 лице.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека земјите на ЕУ се обврзале дека ќе пружат помош за „долгорочна обнова“.

Повеќе од 113.000 луѓе се без покрив над главата по земјотресот кој оштети околу 14.000 објекти.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер на 26 ноември ја погоди земјата,
Денеска во Албанија се регистрирани повеќе земјотреси, од кои еден со јачина од 4.5 степени. Овој земјотрес е почувствуван и во Црна Гора.

Во Албанија се уапсени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата луѓето кои граделе без да ги почитуваат стандардите.