Нема никаков значај што ќе се вели на завршниот текст (овој напис е напишан пред објавувањето на заклучоците од состанокот на лидерите на ЕУ), балканските земји треба да размислат отворено за нова стратегија. Јасно е дека Европа нема европски лидери, туку само политичари од соодветни земји и како резултат на тоа – стратегиите треба да бидат преработени
Од Назим РАШИДИ
Добро познатиот израз на преродбениците дека „за Албанците (но може да се толкува во контекст на случувањата на Балканот) дека сонцето раѓа на запад“, може да се прогласи и за „лажна вест“, затоа што оние на истокот веднаш ќе сакаат да го коригираат изразувањето. Нормално, што ќе велат не е вистина, затоа што всушност не е така, туку не само толку. Главите свртени кон Западот со години и сите битки и предизвици за да се прифати Западот како концепт, како вредност, но и како заедница, значи дека биле измама.
Значи, дека ние сме глупави, всушност сме биле со години, затоа што сонцето никогаш не се раѓа на запад. И уште полошо, тие ќе речат дека се измамени. Им дадоа сите тие ветувања и ви побарале сите тие „жртви“ и повторно сонцето не се раѓа на Западот.
И како што напишал и самиот претседател Трамп во писмото до претседателот Ердоган: “Dont be a fool” („не бидете будали“, ќе ни велат, Сонцето се знае каде се раѓа, дојдете ќе не поканат дури и со привлечност.
И повторно ќе се случи судирот Исток – Запад, Запад или Исток. Западот веќе, со сите свои лидери, дипломати кои се присутни тука, но и самите високи официјални претставници на ЕУ, на земјите -членки, не знае како тие ќе имаат храброст да излегуваат пред нас.
Во ред, тие не се здодеваат многу, тоа го гледаме.
Никој веќе не може да не убедува дека не отворањето на преговорите само со две држави, Македонија и Албанија, (Косово има различна ситуација, но и таа треба да биде вклучена во тоа, како и Босна и Херцеговина) , дека ќе ја урнат Европа, ЕУ или и Макрон.
Смешно, затоа што Црна Гора и Србија веќе ги отворија преговорите.
Но, тука никој не се смее.
И сериозно. Не знам како ќе излезе амбасадорот Жбогар на настапи и настани? Што ќе кажува? Тој и сите други кои не успеаја да им објаснат на европските скептици, исто така, имаат одговорност. Затоа што знаат многу добро што се ветуваше со години како „морков“.
Но, нормално ќе молчи и тој, и другите ќе остават да се разбира дека животот не е праведен и така како што и самите Европејци со бриселски термини и терминологии ќе се обидат да го надминат незгодниот момент кој може да се опишува со еден збор: Разочарување.
„Неги гасете ѕвездите“ беше пораката што премиерот Заев им порача на европските лидери, кои никако да се договорат за датумот. И, исто тоа е чувството дека и ѕвездите и европското сонце го свртија грбот.
Нашите земји не се идеални. Ако се направи една техничка анализа на развојот и реформите преземани од балканските земји, има многу да се подобрува.
Но, така беше целата идеја за тој пуст датум. Дека земјите со политичарите, туку и самите луѓе требаше да го имаат тој притисок за да ги преземат сите реформи, од личен начин на размислување, па се до законите.
Никој меѓу нашите земји нема илузии дека сме подготвени за ЕУ. Сите знаат дека процесот ќе потрае. Но, сега процесот е во прекин со аргументи кои не држат.
Тука доаѓа нов момент.
Дури нема ништо значајно што ќе се вели во завршниот текст (овој напис е пишуван пред објавувањето на заклучоците од состанокот на лидерите на ЕУ), земјите на Балканот треба да размислуваат отворено за нова стратегија.
Јасно е дека Европа нема европски лидери, туку само политичари на одредени земји и затоа стратегиите треба да се преработат. Чувството на разочарување е такво, како таа на Курдите кон САД, што неочекувано ги остави сами. Наша судбина е дека не сме во војна. Заправо овој момент треба да донесе нова визија.
Првично, во по отворена соработка помеѓу земјите на Балканот. Тоа не како замена за ЕУ, туку како последица на нејасноста и маленкоста на Французите. Сигурно дека патот на Северна Македонија, (но и на регионот) веројатно нема да донесе веќе ниту еден бран кон бродот на ЕУ диктиран од Франција, но од друга страна нема да ја преземе новата ситуација со толку леснотија ЕУ, за единствениот факт што самата Франција и Макрон велат дека оваа мала Македонија, им го расипува есапите на ЕУ.
Објаснувањето на Макрон со во неволја дома, која има потреба за поправки, затоа не се примат поканетите гости, најдобро го објаснува начинот на размислувањето на новата Европа. Тоа е што ние останатите ниту сме, ниту не гледа, како дел од заеднички дом.
Кога имаш го домот со проблеми, можеби тие што доаѓаат можат да помогнат. Како што помагаат на стотици илјади работници од Балканот, што вршат работи за кои снобовите во Европа одбиваат да ги размислуваат, а камоли да ги остваруваат. Стотици илјади работници придонесуваат во тој заеднички дом на Макрон и на другите лидери.
Аргументот дека ќе има многу имигранти, ако има датум не држи, дека датумот треба да го даде надежта дека што помалку имигранти ќе бегаат во домот на Макрони.
Но, тоа залудно да го велиме и да го повторуваме. Европа тоа го знае.
Сега веќе ние треба да се соочиме со реалноста, тој е дека треба секогаш да има план „Б“. За да може да биде во исти линии и склоности, кој и покрај струјата на Исток, повторно треба да го следи раѓањето на сонцето на Запад, но можеби не повеќе, со истиот брод на Макрони.
Не знам како ќе изгледа овој план „б“ и не се знае, но нема да биде напишан на француски, тоа е јасно!
(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)