сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

ДРЖАВА ВО МЕДИУМСКА СЕПТИЧКА ЈАМА

Немаш висока јавна свест, немаш високо развиен сенс за државност, немаш афирмирана квалитетна интелектуална маса, немаш ‘‘трета опција‘‘,.. а немаш ни многу избор! Ако сакаш нешто да менуваш, прво со што ке се соочиш е со мечот на медиумите кои својот газ го местат по потреба на политичките центри во еден ланец што се вика ‘‘медиумска Камасутра‘‘

Од Агим ЈОНУЗ

За да правиш дефокус од една работа, треба да имаш фокус. Проста математика. Ние имаме свет на политичари кои како фокус имаат цел да изградат европски модел на држава, ама богу фала што има нешто што се вика медиуми, спин и политичка тактика, за да може да уживаш во слободната зона на ‘‘политичка дискусија‘‘ која бара нели време, за да се купи време. И цело време, од фокус концентрацијата е на дефокус, во кој секако има нешто што како оружје е носител во градењето на јавното мнение. Тоа се медиумите. Приватни, најбројни, премачкани со сите можни фарби за да држат ситуација под контрола во делот на дозираното, искривеното и маскираното информирање. И така, сите среќни. Политичарите среќни зашто никој не бара конкретни вистини поради дефокусот наречен ‘‘ пат кон Европа‘‘, Народот насекиран дали Урсула Фон Дер Лајен ручала или не, а амбисот наречен распаѓање на државата само поголем и поголем. Не голта сите заедно, не џвака, а прашање е само кога ке не исплука како семка од црешна.

Јас не сакам да бидам по комита од било кој комита,  ниту пак по командант од било кој припадник на УЧК. Четник па ‘‘ич‘‘! Точно знам кој сум и што сум, моето име го одразува мојот етнички идентитет кој си го негувам, ама пред и после се сум граѓанин на една – држава. Јавно прашувам дали е срамота што си ја сакам државата.  А, дома сум си тоа што сум си. На улица сум  најобична статистичка бројка како урбан елемент на едно населено место. Е, токму таа улица по која чекорам, ми кажува точно каде се наоѓам. Како што стојат работите, изгледа се наоѓам во црната дупка во космосот. Арно ама, кога ке споредам каква слика ми создаваат медиумите во глава и каква стварност гледам на улица, се наоѓам збунет. Се прашувам дали сум јас будала или нешто навистина не ја спојува стварноста со јавната информација. Но, нејсе, за медиумите подолу во колумната.  Државата ја прават луѓето. Таа сама не се прави. Како балонче за нова година, колку го надуваш толку ке биде големо и шарено. Државата е како едно мало двориште пред зграда, во кое од тебе зависи дали ке ти биде мерак да седиш, или по дворот ке шетаат мачки и кучиња кои ‘‘кењаат‘‘ кај ке стигнат, ѓубре насекаде, а цвекињата нема да раснат затоа што никому не текнало да ги полее со вода. Пијани комшии мочаат по ќушиња, а некои бараби од друго маало ти се прават фраери во сопственото двориште. Ти и покрај убавите зелени очи, ќорав си и не разбираш дека си глуп колку што си тежок, а дека си недомаќин и тежок примитивец не може да ти се објасни, зошто толку ти е капацитетот. Оној што имал капацитет да разбере побегнал да живее у друго маало, каде што во двориштето ако не цветаат ружи, барем не кењаат по ќушиња ‘‘кучичи и мачичи‘‘ и сите комшии се трудат да има ред. Е, тоа е држава. Двориште во кое каде и да си на светот, само таму си – дома! А тоа дали ќе живееш во ‘‘ свињарник‘‘ или во ‘‘авлија за мерак‘‘ зависи исклучиво од тебе, ‘‘ о, коњу еден‘‘! Што знаеш ти што е држава бе! За ова со ‘‘кучичи и мачичи‘‘, тоа во лингвистиката се вика алегорија. Кој разбрал, разбрал!

Ок. Да се вратиме на суштината на колумната. Колку реално се бавиме медиумски со суштината и фокусот, а од друга страна колку народот е сериозно во тек со сопствената судбина кога се во прашање медиумите и средствата за информирање. Колку во суштина она што го гледаме на улица е далеку од она што ни се сервира навечер по вестите. Ајде да се обидеме да ја одсликаме медиумската галаксија во Македонија и да резимираме евентуално колку е се една циркузијада. Како прво да земеме во предвид и да бидеме реални одсекогаш медиумите претставувале сериозно оружје во рацете на власта и политичарите. Ке започнеме со една поента од позната личност.  ‘‘Држи го народот глуп и неинформиран онолку колку што е потребно за да си владееш‘‘, рекол Наом Чомски. Ова е парафраза, која подразбира ‘‘информиран‘‘, а со тоа и доволно по твоја мерка измоделиран народ во мозокот. Ако ти затреба да ти ‘‘танцува‘‘ по твои ноти, само ‘‘мало појачај радио и пушти некој абер‘‘ и има да му влезеш не у уво, него у сите процепи и празнини. А, тогаш можеш нели, да му праиш што сакаш. Народот ионака секогаш останува труден во сите комбинации. Огромната девалвација на имиџот ( читај доверба) на медиумите во последно време е само ‘‘крешендо‘‘ на нешто што одамна се случува, ама ако бидеме искрени, дојде време Чомски да иде малку да одмори, затоа што на власта  сега и се потребни медиумите во својата ‘‘Virgo in tacta‘‘  форма кои ке покажат и докажат дека таа сериозно сака од оваа држава да направи нешто. А, прави ‘‘ краставици криви‘‘!  Ако некој смета дека сите медиуми треба да информираат стопроцентно автентично, не само Македонија, светот би се распаднал. Да не продаваме сеа ние овде басма дека сме многу паметни, тоа е нормално. Но! Би се задржал на една географска точка која се вика Македонија. Нова демократија, недоволно демократско искуство, недоволна парламентарна едуцираност, а капак на се, внатре два мали народа кои многу повеќе сакаат да мерат ‘‘ патљаци’’ отколку да се здружат во своето не знаење и неспремност, па да изроди квалитет.  Него ај да не тупам много, да прејдам на ствар! Оние кои прочитале барем една книга у живот, знаат дека медиумот е најголемо оружје. Пропагандата, спинуваната информација и агресивниот платен ПР не се ништо помалку ‘‘убиствени‘‘ од најсофисцитарното оружје. Секако, ‘‘ на свој начин‘‘. Медиумот ти вика ‘‘ сакај се со комшијата‘‘, па после тоа ти вика ‘‘ иди опни му една‘‘, а во меѓувреме  те врзува да го следиш затоа што твојата ниско октанска аналитичка свест не ти дозволува да го читаш меѓу редови и да создаваш своја слика.  Единствениот државен јавен сервис МРТВ кој без пардон требаше и сеуште треба да е ‘‘сенародски‘‘ падна на испит на градење висока граѓанска свест која консеквентно ке се едуцираше и ке знаеше да извлече поука што е тоа ‘‘државен интерес‘‘ а што е ‘‘вежи коња где ти газда каже‘‘ олицетворен во приватни медиуми кои беа и до некаде останаа гласноговорници на политички партии и опции. Приватните медиуми се во суштина продолжена рака на политичките партии, кои инсталираат ‘‘потребна‘‘ а не реална вистина. Така, Македонија ако некаде направи кардинална грешка, ја направи во неупотребата на својот државен медиум на квалитетен начин да ја подигне пред се јавната и колективна свест! Колективната свест која е во интерес на општиот однос кон државата а не кон ветровите кои од своите стомаци ги испуштаат политичките партии. Свеста кој на народов на кој можеш да му сервираш загреана боранија од завчера, требаше да биде бедем на чувањето на државата пред и после се, а не на партиски, тајкунски, газдински, мегапатриотски, националистички, лоповски, разузнавачки, сеирџиски, терористички, латентно уништувачки, …. интереси! И сето тоа за да биде комплетен спинот – ‘‘ЗА МАКЕДОЊААА‘‘! Да бидеме искрени до крај, и албанската страна си доживеа ренесанса во медиумите. Исти филм! Турците викаат “Benda kako Senda”. И да закључиме, 30 години изгубени во не креирање на квалитетна јавна и колективна свест направи непоправлива штета. Чувството за држава, државен интерес, јавна свест и култура отиде у пизду лепу материну. Создаде популација во која ако еден медиум му рече дека Мики Маус му е прв братучед на Крале Марко, еден огромен дел од популацијата ке го голтне тоа како хоџа локумот и има очи да ти вади ако го убедуеш спротивно! КАТАСТРОФА! Една голема бројка кои умееја да разграничат што е лажна вест, што е реалност  е отидена од државата која е оставена да ‘шлајфуе‘‘ и да импровизира стабилност, просперитет и да голта доверба дека она што му се сервира е вистина. Останаа само оние кои ‘‘прават пари на тоа‘‘ и оние кои Чомски ги спомнува. Тоа е наука. Македонија е перфектна платформа за инсталација на теоријата на Чомски, дека треба да го држиш народот информиран и глуп онолку колку што ти е потребно за да владееш, од проста причина што тој е ионака полу прост, полу цивилизациски заостанат и мизерен. Win – Win combination!

Немаш висока јавна свест, немаш високо развиен сенс за државност, немаш афирмирана квалитетна интелектуална маса, немаш ‘‘трета опција‘‘,.. а немаш ни многу избор! Ако сакаш нешто да менуваш, прво со што ке се соочиш е со мечот на медиумите кои својот газ го местат по потреба на политичките центри во еден ланец што се вика ‘‘медиумска Камасутра‘‘. Политичарите ‘‘на медиумите‘‘, медиумите ‘‘ на народот‘‘. Ако сакаш да ги прескокнеш медиумите, борбата ке ти биде безвредна, затоа што медиумите не само што се информативен сервис, туку се и инквизитори. Прљавата игра оди до ‘‘игри без граници‘‘. Ако не знаат како да те елиминираат на ниво на интелектуалност, ке ти удрат нај ниска можна игра ако треба, па ке ти најдат дури и слика кога си бил мал, па си какал зад некоја грмушка. Ќе ти влезат во интимата која и господ и законот ти ја гарантира. Ама, за медиумите нема ни господ ни закон. Има газда на медиум, кој има свој газда во партиите кој има се освен чувство на одговорност кон народот. Имаш фала му на бога медиуми колку сакаш, а тие ке те дриблат колку тие што сакаат како Лео Меси! Е па народе, те поздрави Чомски! Една шеговита досетка вели  ‘‘подобро е да паднеш во депресија откоку во септичка јама‘‘! Да! Арно ама има нешто уште полошо, и вели ‘не дај боже да паднеш депресивен во септичка јама‘‘ уфффф! Колку и да звучи смешно, депресијата стана нешто сосема природно во Македонија. Живееме во ‘‘ЃЕРИЗ‘‘! Вистината е таа, ама не е за јавна употреба, затоа што јавната употреба има сосема поинаква цел. Јавната употреба има само една цел. А тоа е теоријата на Чомски! Во македонска верзија на Чомски тоа би звучело вака: … држи го ионака глупиов народ во мрак, зошто ако му пуштиш светло ке види дека тоа што му е во газот не е гравчето од вчера, туку стапот што му го бутаме. Ем на народот му е убаво со стапот во газот, ем приказната за Европа функционира фантастично, ем ние си владееме, ем кај и да е еве ја на прагот третата светска војна, па ке биде сеедно кој кого тепал, кој кого ебал!….

ООО ЏЕМАААТ! Главата ти е во јазот, а стапот во газот! Што ке вадиш прво, стапот или главата!? До следната колумна размисли. Како и да е, ако ти е убаво со стапот во газот,… уживај! СИКТЕР!

(Авторот е колумнист на весникот КОХА)

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови