Карамбол здравство, систем и Aрмагедон

455

За се е крив системот кој е поставен по принцип на политичко влијание, непотизам, корупција, криминал и несоодветност на кадрите. Македонија уште долго ќе биде заложник на тој феномен, а покрај останатото ќе биде жртва здравството. Онаму каде што е жртва здравството, крајниот корисник е најголемата жртва. Народот

 

Од Агим ЈОНУЗ

Не знам зошто ми текнува една реченица која ја имам чуено како дете и уште ми звони во ушите. Еден пријател на татко ми ја изусти. Вели, ‘‘ да не беа Косоварите‘‘, ни еден доктор куќа немаше да има. Што сакаше да каже не знам, ама знам дека сите доктори направија куќа, освен оние ‘‘ со крстот на чело‘‘. Тоа беше друго време, време во кое овака или онака имаше некој општествен морал и кодекс. Но! Имаше и здрава полиција. Како и да е, докторите одсекогаш знаеле да се наместат онака ‘‘спасителски‘‘ кога е живот во прашање а на операција треба да се чека. Тоа до ден денес останало исто по се изгледа. Зошто? А што мислите зошто! За пари, сигурно не за канта сирење. За да не бидам земен несериозно, ајде да ја анализираме реченицата ‘‘ да не беа косоварите, ни еден доктор немаше куќа да направи‘‘! Однапред се извинувам за ова ‘‘косовари‘‘, тие воопшто не се предмет на дискусија во текстов. Тие се само земени онака архаично како пример од некое време во кое од Косово сериозно доаѓаа пациенти во Скопје како во најблизок а комплетен клинички центар во кое имаше плејада на познати лекари, хирурзи и персонал. А, се што не можеше да се реши со ‘‘lege artis”, се решаваше со “pari artis”! И, тука имаше за секого ‘‘куча‘‘! Кој ке забележи дека бладам или дека измислувам, инсинуирам,… не е чесен.  Лекарската фела никогаш во Македонија не била ниту доволно, ниту квалитетно вреднувана. Во претходниот систем во кое постоеше само клиничкиот центар и една ‘‘Војна Болница‘‘, секој својата материјална сатисфакција за она што го работи си го организираше на свој начин. Секако, сите беа ‘‘Virgo intacta “ , но кога би знаеле ( поточно посведочиле) ‘‘поштарите‘‘ ( читај најчесто болничарите и ситниот персонал), приказната не би знаела да ја напише и измисли ниту Сидни Шелдон, писателката на крими сценаријата. Тука не зборуваме за ‘‘бомбоњери и виски‘‘ како мала благодарност и внимание, туку конкретно за – пари, брате, пари! У тоа време беа ‘‘маркичи‘‘! Има голема разлика со денешното време. Сега не е време на ‘‘марки‘‘! Сега се Евра. Разликата е таа, а се останато – исто. Нејсе.

Македонија,  “Anno Domini”  2023 – то. Во систем кој по многу основи е распаднат и нефункционален до ниво на Армагедон, здравството во Македонија е само една од алките на нефункционалноста на системот. Сметам дека нема никој да потврди дека ако го цитирам народот кој вели ‘‘ ако немаш пари – цркни подобро‘‘ дека не ја чул таа синтагма. Дисфункционалноста на системот кој консеквентно остава траги во сите фрагменти од општеството некаде се плаќа со пари а некаде со трагедии, тажни судбини и приказни кои оставаат длабоки траги во душата на обичниот човек. Кога сме кај здравството, деновиве сме сведоци на една монструозна приказна на Онкологија која доколку нема разврска, казна и обелоденување со име и презиме на актерите на монструозниот акт, навистина би требало да се запрашаме каде живееме. За да не инсинуираме пред време додека трае истрагата, ќе останеме само така занемени во констатацијата што конкретно се случува таму и колку до сега ( сосема оправдано сомневајки се) пациенти не добилеа адекватна помош за нешто што е платено од државни пари, а олицетворено во фондот за здравство, кое е приказна за себе и за кој ако дискутираме, ке најдеме иљада и една причина да го критикуваме. Тоа е посебна приказна. Имено, тој исти фонд за здравство кој е ‘‘буџет од народни пари‘‘ овозможува лекување само во јавно здравство чии услуги се ограничени. По правило, на еден огромен клинички универзитетски медицински центар комплетноста на услугите е ‘‘ некомплетна‘‘, така да освен за одредени хируршки интервенции фондот за здравство нема склучен договор со приватниот сектор во здравството кој нуди високо квалитетна, стручна, професионална и адекватна услуга за парите кои ги наплаќа. Приватниот сектор во здравството во Македонија реално  го ‘‘дава‘‘ тоа за што ги наплаќа парите. Таму нема ни ‘‘превара‘, ниту ‘‘болничарот ке ти се јави на телефон кога да ќе те оперираме‘‘, ниту на сестрата треба обавезно да и однесеш 200 грама кафе, ниту на портирот на врата треба да му однесеш четврт бурек, јогурт и штека цигари за да можеш да влезеш на посета кај својот близок болен. Во текстот намерно не навлегуваме во детална анализа за случките во здравството затоа што бездруго на дневна основа сме бомбардирани по медиумите за сите работи. Тука зборуваме за феноменот на ‘‘зошто кога Хипократ ќе чуе за случувањата во Македонија се превртува во гробот како јагне на ражен‘‘! Многу просто! Затоа што Хипократ заборавил да нагласи кога ја пушувал својата заклетва дека политиката и здравството не одат заедно. Да! И тоа е еден вид на политика, но таа политика подразбира стручност, елоквентност, знаење, искуство и чесност во работата, а не ‘‘политика во политиката на здравството‘‘! Вмешаноста на политиката во здравството внесе премногу ‘‘трулеж‘‘ во здравството како гранка на општеството. Некомпетентност, недоволна стручност, полуписменост на места на кои ‘‘писменоста‘‘ е императив. Сето тоа подкрепено со алчност, криминогеност, политизирање на места каде што кодексот и принципите на функционирање се ‘‘експлицитни‘‘, доведе до ситуација во која можеме слободно да се чудиме како воопшто нештата функционираат, ‘‘како-така‘‘!  Здравството како хуманистички феномен стана феномен на трка за профит, во кој се бараат милион и една ‘‘ дупка‘‘ во која некој нешто може да профитира. Хуманистичките постулати на кои се темели Хипократовата заклетва не познава пари, политика, влијание, контрола, бизнис, криминал и корупција. Секако, далеку од тоа дека во македонското здравство нема чесни, доблесни, компетентни, стручни и умни луѓе со кои Хипократ би се гордеел, но тука зборуваме за систем во кој нештата личат на се, освен на ‘‘здраво здравство‘‘, како општетвена гранка која е една од темелите на здравата држава.

Македонија одсекогаш имала јака ‘‘медицинска елита‘‘. Но, таа никогаш во минатото не била доволно вреднувана за да не размислува како да ‘‘ќари уште една плата барем‘‘. Криминалот одсекогаш постоел во здравството, но тој се толерирал од повеќе причини. Медицинската фела одсекогаш била ‘‘скромна до сиромашна‘‘.  Со отварањето на приватната медицинска пракса во Македонија, најголем дел од медицинската елита се пресели во приватните установи, отвори свои ординации, а неретко некој од нив успеаја и да ја задржат и одржат својата ‘‘ чест на името и презимето‘‘ како лекари, хирурзи и хуманисти. Но! Во приватната пракса нема место за криминали од типот на ‘‘Онкологија‘‘, од типот на многу институции во здравството во кои услугата што се добива не ја оправдува својата надлежност. Во приватните клиники, ординации и установи ‘‘платиш, ама клатиш‘‘! За сите пари! Во јавното здравство, ‘‘ем фондот плаќа, ем ти партиципираш, ем даваш мито, ем подкупуваш ојлевци-дојлевци, ем на крај дознаваш дека последната надеж дека цитостатиците ке ти го спасат животот отишле на црн пазар а ти си добил физиолошки раствор во вените. Ова го земам како пример водејки се од последниот актуелен настан. Така ке биде уште долго. Се додека политиката го води здравството, а не стручната фела. А таа иста стручна фела во слабото материјално вреднување уште долго ке биде соочена со предизвикот кој се вика ‘‘ дали е можно јас да бидам вреднувам на месечно ниво како една дневница на ист мој колега во здрава држава‘‘!? Затоа, ќе си функционирам по системот ‘‘снаџи с епа живи‘‘ кој подразбира проста филозофија. Таа филозофија се вика,.. ‘‘џабе ли сум учел толлку години,… тоа сакам да си го наплаќам‘‘ ! А, како!? Просто! Ќе си го наплаќам знаењето и стручноста како знам и умеам, па макар лично Хипократ ми оцул мајка и ме плукнал в лице!

За се е крив системот кој е поставен по принцип на политичко влијание, непотизам, корупција, криминал и несоодветност на кадрите. Македонија уште долго ќе биде заложник на тој феномен, а покрај останатото ќе биде жртва здравството. Онаму каде што е жртва здравството, крајниот корисник е најголемата жртва. Народот. Се рипа по приватното здравство. Зошто? Затоа што функционира! Затоа што таму немаат проблеми со Хипократ! А зошто би имале кога добро и скапо наплаќаат! Не! Тие само го наплаќаат тоа што реално го услужуваат и практикуваат. А патем и заработуваат за достоинствен живот кој не ги тера на коруптивност и криминал.  Криминалот цути во јавното здравство! Здравството стана од коруптивно, непотистичко, во класично криминогено. Никој никого не казнува. А зошто би го казнил. Кој кого треба да казни кога и правдата е коруптивна и криминогена. Се е еден затворен круга на политика, корупција, распад,.. распад!

Приватно здравство!? Да! Бујрум, болен си? Да! Еве ти ‘‘иљач‘‘. Тој кошта ‘‘толку и толку‘‘! Немаш пари!? Ок ‘‘ене ти јавно здравство‘‘! Ама таму немам доверба! Е па извини! Иди и прашај го фондот за здравство, што, кому плаќа, колку плаќа, што презема, и дали воопшто смета дека за тие пари што тебе ти ги зима од џеб во вид на државни даноци ти организира здрав систем на лечење. А, зошто тој исти фонд за здравство не направи и одржи малку по сериозна и поширока соработка со приватното здравство. Имаш осигурителни компании!? Зошто фондот не прошири соработка и со нив. Парите се твои! Одат од твој џеб а ти тие пари не ги ни гледаш? Па да! Не ги гледаш, затоа што тебе ти е побитен Таче-Маче, Мицко-грицко, Али – мали,… а не каде се твоите пари, и како за тие твои пари се организира здравството од кое еден ден ке чекаш да ти спаси живот, тебе, на детето,.. на мајка,.. на татко,.. на општеството! (koha.mk)