Да се вратиме на насловот! Курто, Мурто и Турто! Што би донеле предвремени избори? Посветла иднина!? Ма дајте ве молам отрезните се! Со народен речник кажано, а за да разбере и баба ми, стварноста вели дека решение нема, ситуацијаата ‘‘ гомна до гуша‘‘, геополитички не се знае каде ке оди приказната, а ние не смееме да ‘‘таласаме‘‘ за да не го изгубиме и она што го имаме. Ете тоа е!
Од Агим ЈОНУЗ
Што би донеле предвремени избори?! Краставици криви би донеле! Само би направиле уште поголем хаос во секојдневието. Ете, тоа. А и да се редовни, евентуаално би донеле тикви шарени. Не е проблемот да има избори, туку е прашање што со нив би се постигнало. Не може да се размислува апсолутно дека некакви избори во било која консталација во дадениов момент би можеле да направат било какви промени. Зошто е тоа така? Просто. На политичката сцена и понатаму главни играчи се Курто, Мурто, и Турто. Во ситуација на очајност, единствениот избор ти е да бираш најмало зло. Ако се водиме по народната поговорка дека се смениле Курто и Мурто, со стандардниот Турто како партнер, каква е логиката да се бара нешто што е невозможно. А тоа се тектонски промени во начинот на функционирање и мрдање барем еден чекор понатаму од калта во која Македонија се наоѓа. Македонија во актуелниов момент со товарот на нерешени проблеми има толку голем проблем, што не постои партија која ја познаваме а која може да направи сериозни промени. После долг период на можности некои работи да тргнат, калта во која уште повеќе сме навлезени може да ја зачисти исклучиво еден сосема друг модел на партија. Радикална, но не на основ на глупостите на кои сме навикнале како интеретникум и други глупости, туку радикална во повлекување потези за економски и социјални промени. Тоа би била евентуално една нова партија на центарот која би требало да ги елиминира од една страна примитивистичкиот популистички модел на ВМРО, наследениот салонски елитизам на СДСМ и султанскиот модел на ДУИ. А, сето тоа во време во кое уште одамна требаше да згаснат помали партии кои освен за проституирање со своите гласови за ништо друго не ги бива. На Македонија не и се потребни повеќе од неколку партии кои би можеле да се избројат на прсти. Дефинитивно, никој не брани да има партии кои би биле опортуни на кое и да е ниво, но опортунизмот би требало да биде конструктивен, а не деструктивен.
Често пати се прашувам, а бе ке и се случи ли некогаш на Македонија ‘‘народот‘‘. Ама, онака вистински, народот. Дојдов до заклучок дека на Македонија никогаш нема да и се случи народ, додека тој исти народ не се освести дека тој е носителот на градење држава, во смисла да гласа и инсталира власт која навистина се бори за доброто и иднината на државата. Ти во Македонија немаш ‘‘народ‘‘, имаш аморфна толпа. Толку! Третата опција која никој од актуелната политичка структура во Македонија не ја дозволува, треба дефинитивно да биде од граѓански карактер. Дали сме ние држава која воопшто има доволно развиена свест да функционира врз принципите на граѓанско демократско општество? Не! Зошто? Многу просто. Затоа што граѓанскиот модел на функционирање на демократијата во Македонија ќе треба да фрли во канта за ѓубре барем две третини од актуелните политичари кои со својот шаблонски модел на квазидемократија освен што ја спречуваат таа да се развие во модерна држава, ништо друго не знаат да прават. Македонија се наоѓа во еден маѓепсан круг на проблематика за која е ирелевантно која партија би била на власт. Која партија и да дојде – бујрум, тоа се пробемите. Нај трагично е што политиката во Македонија од самиот почеток се бави со формата но не и суштината на градењето на квалитетна држава која е социјална, демократска, отворена и модерна. Наместо внатрешна организираност на ниво на здраво институционално функционирање, политиката во Македонија цело време се бави со градење на имиџ пред огледалото во кое се гледа цело време олицетворен во партии кои станаа жива трагедија. Ниту ВМРО, ниту СДСМ, па ниту некоја албанска артија не направи ништо за подобрување на животниот стандард, за здрава извршна власт која е носител на сериозноста на една држава. Јас неколку пати кажував и станав досаден со тоа дека Македонија е едно нај обично акционерско друштво на партии кои во меѓувреме станаа султанати и кои своето владеење го базираат на принципот на Цезар кој рекол ‘‘ после мене потоп‘‘. Не можеш ти да очекуваш некој да гради држава ако никогаш ја немал и појма нема како таа навистина треба да изгледа. Сведоци сме на секојдневните медиумски циркуси во кои не знаеш дали да се смееш или дали да плачеш, кога слушаш едни те исти фрази преку триесет години. СДСМ триесет години продава мудологија во вид на елитизам кој латентно создава огромен јаз меѓу стварноста во општеството и сликата која ја гради по медиумите. ВМРО откако постои не е излезен понатаму од 1903-та година и перманентно со својот популистички вокабулар за оние пред самопослуга што пијат пиво создава параноја како да сме уште под турско ропство. Албанските партии откако со рамковниот договор инсталираа од идеја во пракса се што имаа на памет, во недостиг на понатамошни свежи политички идеи играат искључиво на поле на ‘‘ ние сме угнетени‘‘. Од кого!? Од претставниците во власта кои се од албанско потекло а се на највисоки функции во општеството!?
Ајде да анализираме што е тоа што би донело до видливи и квалитетни промени доколку сега би имало предвремени избори. Како прво, социјалниот амбис е толку длабок, што која и да е партија во моментов, таа не би можела да смени нешто од неколку причини. Корупцијата е на ниво кое е канцерозно, а знаеме дека канцерот не се лечи. Единствениот начин да се спречи развивање на канцерозно ткиво во медицината се хируршките резови. Кој да ги направи!? Курто!? Мурто!? Турто!? Не! Нема шанси. Не им одговара. На нив повеќе им одговара ако треба и воена состојба да направат ама само да останат во игра, затоа што ако тие бидат носители на радикалните промени, треба да извршат ‘‘ харикири‘‘, поточно да си пукаат самите себе си во нога. Хируршки резови може да прави само една нова политичка инсталација, но, и за една таква потребни се нови ликови кои се не искомпромитирани и кои навистина работат за државата, а не државата за нив. Еден пример повеќе е податокот кој вели дека ако има било какво решение за амбисот во кој се наоѓаме, бидете сигурни дека некоја од партиите би го инсталирале. Со тоа би биле херои, а башка би владееле уште долго. Никој нема решение. А зашто!? Па, затоа што не е лесно да тераш една политика толку време, а ‘‘ преку ноќ да менуваш плоча‘‘. Македонија е во сериозен ‘‘ ќорсокак‘‘. Оној што ја создал ситуацијата каква што е, преку ноќ треба да биде спасителот. Неизводливо. Треба самиот себе си да се срушиш. И каде е решението? Решението е кај Гиго у шупа. Што вика еден другар, ‘‘ ма носи све тоа у пизду материну‘‘! За нас е само чизма и железна рака!
Има нешто што се вика во медицината ‘‘ шок терапија‘‘! На пример, кога некој има паника или напад на хистерија, едноставно му врзуваш еден јак шамар за да се ‘‘пресече‘‘ и да се освести. Дали на Македонија и е потребен еден врел шамар во вид на шок терапија. Јас, во свое име сериозно сметам дека и треба. Како би изгледал то врел шамар? Како прво, на Македонија и е потребна една сериозна ситуација во која може да ја изгуби државата. Да не постои повеќе. Дали тоа би била ситуација на воена состојба, дали некаква опасност од делење, дали банкрот ( одамна сме банкротирани, де), или пак ситуација во која или ќе треба активирање на севкупната свест и сила, или ‘‘ чао нема више Македонија‘‘! Најблиску до таква ситуација бевме пред потпишувањето на Преспанскиот договор во кој завиткано во целофан добивме порака од меѓународната заедница ‘‘ или потпишувајте, или ве нема, ве делиме па со господ напред‘‘! Тоа што Заев беше на власт е сосема случајно, па испадна дека тој ја спаси Македонија. Ја спаси жими онакво. Актуелната ситуација меѓу останатото е и слика на тоа што ‘‘Зајче‘‘ остави зад себе. Да беше ВМРО исто така имаше да го лапне договорот ‘‘ како попче сарма‘‘. Прашање е само како ке го спакуваше медиумски сето тоа за своето гласачко тело. Што е тоа што би требало да се случи за да се активира севкупната свест и сила, а да биде обединета во спасување на државата. Со оглед на тоа дека Македонија сеуште не роди еден од мајка роден лидер, кој не ебава ништо освен што се фокусира на ‘‘здрава Македонија‘‘ ние на нај полтронски начин ке чекаме што ке ни речат американците да правиме понатаму. Која будала не верува дека еден голем дел од креирањето на политичката ситуација во државата не е резултат баш на американското ‘‘менторство‘‘. Македонија низ својата современа историја во најголем дел била онаква каква што и е потребна на американците. Тоа е геополитика од која не можеме да бегаме. Да не беа американците, се слагале ние или не, ниту Македонија ке ја имаше, ниту Косово, ниту пак Албанија ке беше онаква каква што е во моментот. На американците им беше потребен јадранскиот брег за да го заокружат влијанието на цел Јадран. А, албанците и македонците како популација која во секој момент на американците им стојат во став ‘‘ мирно‘‘ и им одговараат со ‘‘ разумем друже капетане‘‘! Класичен полтронизам заснован на долг затоа што некој одлучил дека треба да имаш држава. Американците ако само посакаат, за дваесет и четри часа може да ја вратат Македонија во живот и да направат од неа Швајцарија на балканот. Не им треба! Разбирате вие или не! На нив им требаме овакви какви што сме! Копуци. Да простите, за да може да не ебат како сакаат за свои геополитички нагони. Крај на приказната! Американците , да простите ебат и поголеми држави од Македонија. Секако фигуративно зборам, за да не ми рипнат ‘‘ултра патриотите‘‘! Тоа е мој речник, но народот го сака и прифаќа. Оти е ‘‘ народски‘‘!
Да се вратиме на насловот! Курто, Мурто и Турто! Што би донеле предвремени избори? Посветла иднина!? Ма дајте ве молам отрезните се! Со народен речник кажано, а за да разбере и баба ми, стварноста вели дека решение нема, ситуацијаата ‘‘ гомна до гуша‘‘, геополитички не се знае каде ке оди приказната, а ние не смееме да ‘‘таласаме‘‘ за да не го изгубиме и она што го имаме. Ете тоа е! Единствено, ако оние на Кале одлучат дека им треба време да размислат што понатаму, па ке ни речат ‘‘ деца ајде еве ви топка ( избори), па играјте си малку додека не одлучиме на кое колено да ве префрлиме, јали на лево, јали на десно. А, ние, како бели мајмуни ке се палиме по сокаци кој е најголем патриот, кој е спасител, кој е лопов, кој е педер, а кој е шпиун! Ма, да ви ебам све по списак балкански вели еден мој другар, ја имавте Југославија, а во тоа време бугарите не смееја ни да ‘‘зуцнат‘‘ дали Гоце Делчев бил бугарин! Македонија беше ‘‘ПО‘‘ Македонија тогаш отколку сега.
ООО ЏЕМААТ! Викаат, на кого му е судено да го ебат, на него гаките сами му паѓаат. Се лутите што вака ви зборувам!? Е како да зборувам кога гледам дека гаките ви се спуштени до колена! СИКТЕР ДОМА! За денеска толку, а за утре, со господ напред. . Остави ги гаките спуштени за да не се мачиш утре пак да ги спушташ.
(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)